„Катимерини“: Преговори за засилено американско воено присуство во Грција

„Катимерини“: Преговори за засилено американско воено присуство во Грција
15.04.19   10:37

Прочитано : 65

Print This Article

Атина и Вашингтон разгледуваат можности за понатамошна билатерална соработка во сферата на обраната, што би вклучувало засилено американско воено присуство во Грција, објави атинскиот весник „Катимерини“.

Според весникот, тоа „засилено присуство“ би вклучувало распоредување на американски ракетни системи во Грција и стационирање на беспилотни летала и авиони – танкери на Военото воздухопловство на САД во базата близу Лариса.

Покрај ова, се разгледува можноста и за поголемено учество на американски војници во вежби на грчката армија, вклучително и зголемување на обемот на заедничките воени маневри „Иниохос“.

Во рамките на ваквата соработка Атина се надува и на зголемено присуство на американски воени бродови во грчките пристаништа во Егејското Море.

Најавата за интензивирање на грчко – американската воена соработка доаѓа во време на зголемени тензии меѓу САД и грчкиот регионален ривал Турција, поради одлуката на Анкара за набавка на руски противвоздушни ракетни системи С-400.

Во Конгресот на САД минатата недела беше најавено усвојување на Закон за партнерство за безбедност и енергетика во Источниот Медитеран, чија идеја е обезбедување на американска воена и дипломатска поддршка за Грција и Кипар.

  Категории: