Карлеуша: Бојан Јовановски не ми должи пари, ниту знам дека му должи на некого во Србија

Карлеуша: Бојан Јовановски не ми должи пари, ниту знам дека му должи на некого во Србија
13.08.19   13:18

Прочитано : 1,343

Print This Article
Karleusa Bojan

По веста на српски „Курир“ што ја пренесоа македонските медиуми дека Бојан Јовановски го рекетирал Орце Камчев за 1,5 милион евра бидејќи толку ѝ должел на српската пејачка Јелена Карлеуша, таа за „Репортер“ демантира демантира дека му дала пари и вели дека пишувањата се лага.

Како што изјавила Карлеуша, никогаш не му позајмила пари на Бојан и жал ѝ е за сè што му се случува во моментов.

„Информациите што ги прочитавте во српските медиуми се апсолутна груба лага. Бојан никогаш од мене не
позајмил пари. Никогаш ништо не ми должел, ниту имам сознанија дека му е должен некому во Србија. Сè што можам да кажам за Бојан е дека отсекогаш самиот си плаќал сè, никогаш никој не му го платил дури ни ручекот. Многу ми е жал за сè што се случува и се надевам дека Бојан ќе има јасна и цврста одбрана на своето име. Туку никој не е ни луд ни глупав, јасно е дека работите не се такви како што изгледаат и дека Бојан е жртвено јагне на многу посериозна група луѓе. Се надевам дека ќе има фер судење“, изјавила Карлеуша за „Репортер“.

  Категории: