Кандидатурата на Филип Петровски за претседателски кандидат ќе се зајакнува со 10.000 потписи

Кандидатурата на Филип Петровски за претседателски кандидат ќе се зајакнува со 10.000 потписи
3.02.19   16:49

Прочитано : 288

Print This Article
filip-petrovski-1

„Македонија – Блокира“ на синоќешната седница за претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните избори го избра Ацо Николовски член на Извршниот комитет на Единствена Македонија која е дел од „Македонија-Блокира“. Од таму велат дека Ацо Николовски има богато искуство во организацијата на избори и на сенародните македонски протести по повод уставните измени и за време на референдумската кампања.

„На седницата беше дискутирано и за подготовките на кандидатот за претседател на „Македонија-Блокира“, д-р Филип Петровски, на конвенцијата во Струга 16 февруари.

Притоа, на седницата се донесе одлука да се соберат и 10.000 потписи за кандидатурата на Петровски бидејќи освен големата подршка од членството на ВМРО-ДПМНЕ и од „Македонија-Блокира“ каде членуваат 84 организации – партии и здруженија од земјата и дијаспората, со потписите ќе се потврди подршката која д-р Филип Петровски ја ужива меѓу народот со што Петровски би бил надпартиски народен кандидат подржан од „Македонија-Блокира“, соопштија од таму.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести