Камчева: Кога ги однесов парите во домот на Боки, Јанева седеше во дневната

Камчева: Кога ги однесов парите во домот на Боки, Јанева седеше во дневната

Се договоривме со мојот сопруг да ги исплатиме парите. Парите ги извадивме преку нашата сметководителка, а дома ми ги донесе Ратка Камчева, мојата свекрва која, како што беше договорено, ние да дадеме 350.000 евра, а остатокот од 150.000 евра да го обезбеди Зоран Милевски – рече Ана Камчева на денешното рочиште за случајот „Рекет“, пренесе Плусинфо.

Камчева посведочи дека парите ги однела во домот на Бојан Јовановски каде што биле и Зоран Милевски, Бојан Јовановски и Катица Јанева која седела во дневната соба.

повеќе