Камчева: Кичеец ни рече дека во 6 часот утрото ќе има претрес. Така и се случи

Камчева:  Кичеец ни рече дека во 6 часот утрото ќе има претрес. Така и се случи

Ана Камчева, сопругата на бизнисменот Орце Камчев во моментот сведочи во Кривичниот суд, на рочиштето за случајот „Рекет“.

-На 9 ноември 2018 година, пред полноќ ме разбуди, а во нашиот дом влезе Зоран Мичевски Кичеец кој ни рече дека во 6 часот утрото ќе има претрес. Така и се случи. По претресот во нашиот дом, во 10 часот имаше претрес и во Орка, рече Камчева.

Потоа Камчева раскажа и за првата средба која ја имала со Кичеец и со адвокатот Васил Димишков.

-Ми се јави Кичеец и ме однесе во Капиштец, во канцеларијата на Димишков. На оваа средба Димишков  ми кажа дека се видел со Камчев и дека го предупредул дека нешто му се спрема. Ми рече може да му помогне за 2, 4 и 6 милиони евра. Рече дека неговата сестра, истражната судијка Весна Димишкова е многу блиска со обвинителката Лиле Стфанова. Рече, дека по ова неговата сестра ќе се пензионирала, рече Камчева, која додаде дека била вознемирена и не и е срам да признае дека плачела.

Втората средба била во 1 ТВ, а потоа се ределе и другите средби.

-Во канцеларијата беше едно плаво момче, кое откако излезе, Бојан Јовановски рече дека тоа е синот на Катица Јанева. Јовановски ми рече бидејќи Орце го одбил за двата проекти, фешн мол и старечки домови, ми се случило тоа што му се случило. За се го известував мојот сопруг кој беше во притвор, рече Камчева.

Шок ми беше близината на Јанева со Бојан Јовановски, истакна Камчева во продолжение.

-Јовановски располагаше со информации. Точно знаеше кога ќе го однесат Орце во СЈО, кои сведоци ќе бидат повика за „Империја“, разговори од прислушуваните материјали. Тој ја пушташе на спикерфон Јанева која даваше насоки. На првата средба Боки не побара пари, рече Камчева.

После вториот состанок, Боки ми побара 500.000 евра, рече Камчева.

извор: Фокус
фото: макфакс