Како западна Агенцијата за разузнавање во „естрадизација“ – разговор со д-р Цветковски во Студио 1

Како западна Агенцијата за разузнавање во „естрадизација“ – разговор со д-р Цветковски во Студио 1
17.05.19   23:18

Прочитано : 385

Print This Article

Реформите на безбедносните служби што ги бара Брисел се меѓу приоритетите, но се и константна тема во македонското општество. Непосредно пред плурализмот и осамостојувањето на Македонија во 1988, се случи бунт во МВР, познат како „случајот осумтемина“. Заедно со Павле Трајанов, Слободан Богоевски, Александар Диневски, во групата која бара реформи во МВР е и д-р Гроздан Цветковски. Како што објаснува, барале поголема демократија, истото што е актуелно и денес.

-Зачудува еден факт. Оттогаш поминаа повеќе од три децении, но работите се како дежа ву, бидејќи истите промлеми се и денеска, иако се сменети времињата, луѓето и еднопартискиот систем, но останаа правилата, средствата и методите на владеење, дури и се проширија и се надградија. Циниците би рекле – за овие 30 години одевме чекор напред, два назад, вели Цветковски.

Како што вели, реакцијата на осумтемина наишла на широко одобрување на југословенската јавност, а поддршка добиле и од највисоките политичари, меѓу кои Васил Тупурковски и Петар Гошев. Сепак, 30 години подоцна, во Агенцијата за разузнавање и сите други безбедносни структури каде што се бара послушност, а не способност, истата слика ја добиваме и денеска.

-Секоја способност и инвентивност ја засенува партијата и нејзиниот водач. Бидејќи Агенцијата е под претседателот, ја спроведува политиката на претседателот. Фактички, естрадизација е тоа што последниве 5 до 10 години, Агенцијата за разузнавање се приватизира, стана приватна служба на претседателот, иако владата на РСМ има многу ингеренции. Сепак, претседателот го именува и го разрешува директорот. Се постави естрадизација и веднаш по објавувањето на бомбите почнаа да наоѓаат засолниште и прибежиште разни криминализирани типови кои се скриваа таму, вели Цветковски.

За безбедносниот аналитичар Цветковски, кој работеше како началник и главен инспектор во МВР, тешко ќе се одвива работата на ОТА поради малубројниот кадар на вработени. За безбедносните служби, тој упати три пораки до новиот претседател Стево Пендаовски.

-Прво што ќе направи е ветинг, прочистување на гнилите јаболки и назначување по мерит систем. Второ, да ги укине синекурските работни места. Има синекурски работни места коишто немаат предмет на работа. И се подразбира, мора да се донесе нов закон, во почетокот може измени и дополнувања, во кој прецизно ќе се дефинира. Не може 25 години законот да не се измени. Мислам дека ќе успее да преиспита кои се официјалните претставници во странство и на каков начин се заминати, бидејќи дел се заминати на криминален начин. И претседателот треба да бега од глобализмот. Не сме ЦИА за да дејствуваме глобално. Треба да го следиме регионот, вели Цветковски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

  Категории:
view more articles

Останати вести