Како Македонците ги поведе Груевски, човек со синдром на страв – анализа во Студио 1

Како Македонците ги поведе Груевски, човек со синдром на страв – анализа во Студио 1
16.11.18   09:42

Прочитано : 885

Print This Article

Што го повлече македонскиот народ по култот на поранешниот премиер Никола Груевски – дали тие што сѐ уште му веруваат остануваат во заблуда кон него како личност, лидер и семеен човек. Како е возможно 10 години да не водеше човек со синдром на страв – на оваа тема во Студио 1 анализираат невропскихијатарот Мице Дудучки, Ѓулистана Марковска, офталмолог и пратеник од првиот состав на Собранието и д-р Шптим Љатифи, информатичар и универзитетски професор.

-Социјалната психијатрија ќе пишува томови стручна литература за нашата стварност од осамостојувањето до денеска. Тоа го дефинирав како „мамма синдром“ – малигни архетипски македонски мазохистички автодеструктивизам. Дали ние во нашиот геном носиме нешто мазохистичко и автодеструктивно? Да. Кога правев психоаналитички портрет на психопаторот, а тоа за мене е диктатор со лепеза на психопатски особини. Имавме гебелсовска пропаганда. Од една личност која е интелектуално, морално, психолошки инсуфициентна и тоа го детектирав како повеќекратно растројство на личноста, а тоа е психопатија. Видовме во практикување на злото во овие 11 години дека се покажа правото лице на психопаторот, вели Дудучки.

-Во психологијата на сите психопати е да го наметнат владеењето со една мека нота, да се прикажуваат како жртва, а всушност да сакаат да приграбат сѐ од околу, но и да се опкружуваат со такви луѓе. Во моментот кога г. Груевски, како милениче од претходната влада на г. Љубчо Георгиевски стигна и почна сите негови кадри еден по еден да ги ништи и да ги пушта низ вода и да се опкружува со нови лица, луѓе со дворјански менталитет, слепи послушници, поданици, кај кои не доаѓа до израз ништо индивидуално, туку само како ќе каже лидерот, тоа веќе беше почетокот на крајот на она ВМРО-ДПМНЕ што јас го познавам, изјави Марковска и додава дека комплексот на Груевски произлегува од неспособноста да му се признае лидерството и основањето на партијата на неговиот претходник.

-Особено откако се смени власта, тој исто така, во изјавите и на рочиштата, имаше голема доза на решителност дека се ќе направи, па дури и самиот ќе се жртвува и ќе лежи затвор и ќе биде подготвен и животот да го положи, но од принципите и од тоа што се зарекол нема да се порече. Затоа, изненадување е дека ден два, односно непосредно пред да се ефектуира одлуката за спроведување за отслужување на затворската казна, тој се реши да избега. Можеби соработниците очекувале, но дел од јавноста и луѓето со кои контактирав последните денови, овој потег не беше очекуван, вели Љатифи.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

  Категории: