Каде сте хубави“ наместо „љубави“ им рекол Пендаровски на Борисов и Брнабиќ

Каде сте хубави“ наместо „љубави“ им рекол Пендаровски на Борисов и Брнабиќ
12.07.19   14:53

Прочитано : 1,719

Print This Article

Видеото каде претседателот Стево Пендаровски се поздравува со бугарскиот премиер Бојко Борисов, кое вчера се прошири на социјалните мрежи и порталите, беше погрешно интерпретирано од дел од медиумите.

Под влијание на српските новинари што ја пренесоа веста, некои портали напишаа дека Пендаровски му се обраќа на Борисов со „љубави“, што не е точно.

Пендаровски, како што информираше, кога ги забележал Ана и Бојко и решил да им се придружи, всушност на бугарски јазик им вели „Каде сте, хубави?“.

На средбата во Сараево на Самитот на шефови и држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, претседателот му пренесе и поздрави на Борисов од премиерот Зоран Заев, по што бугарскиот премиер му рече „Седи тука при нас бре“.

извор:фокус.мк

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести