„Јако јако“: Влатко Лозаноски го одржа својот прв солистички концерт (ВИДЕО)

„Јако јако“: Влатко Лозаноски го одржа својот прв солистички концерт (ВИДЕО)
24.03.19   18:48

Прочитано : 700

Print This Article

Влатко Лозаноски – Лозано синоќа во вип-арената „Борис Трајковски“ го одржа својот прв солистички концерт и покажа дека е достоен за да ги полни и најгомемите сали кај нас.

Во еден здив се пееја познатите рефрени на „Километри“, „Јако јако“, „Мандарина“, „Сонце не ме грее“ и останатите песни кои ја одбележаа неговата музичка кариера, а гости на неговиот солистички концерт беа „Некст тајм“.

Скромен и непосреден кон публиката, Лозано предаде многу љубов и музика, а публиката му врати со еднаква љубов, емоција и среќа отпеана во секој стих со него.

„Немам зборови, ми го наполнивте срцето, ме гушнавте најјако“, стои во неговиот пост на Фејсбук каде објави видео од атмосферата во арената.

Лозано зад себе има три студиски албуми и веќе сериозно ја трасираше патеката на македонската музичка сцена.

  Категории: