Извоз на криминалци

Извоз на криминалци

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

Вака-така, со туркање, со притисоци, со молење, со убедување, со помош, со напад на Собранието, со референдум, со промена на името, со бојкот, со промена на Устав, со 49 пратеници што станаа 80, се крена знамето на НАТО. Конечно, имаме гарант за државата. Никој не може да ни ја земе, ниту да ни ја оспори. Арно ама, помина церемонијата и си се вративме на секојдневието. Во големата слика – имаме држава. Во малата слика одново се поставува прашањето – што да правиме со државава?

Толку беше од големата слика. Пола саат траеше. Си се вративме на традиционалните вредности и старите добри навики од сè да се прави политичка криза. Ние без драма не сме навикнати да живееме. Ќе има предвремени избори на 12 април, ама може нема да има избори. ВМРО-ДПМНЕ излегува од Собранието, па не излегува. ДУИ нема да гласа за Законот за јавно обвинителство, па ќе гласа. Талат Џафери ќе свика седница за разрешување на Рашела Мизрахи, па нема да се гласа за разрешувањето. СДСМ ќе се заканува дека ќе направи ново мнозинство, и ќе го откачи ДУИ, па после ќе се смират толку многу, што и Али Ахмети ќе мора за пола саат да довози од Кичево до Скопје. Крсто Мукоски ќе стане херој на денот за да го брани образот на ВМРО-то што не е под контрола на избеганиот во Будимпешта. А одбраната на ВМРО контролирано од Будимпешта, во Собранието спадна само на осомничениот Антонијо Милошоски и неговите сликички.

Настрана темата за дневната драма, ВМРО-то на Мицкоски си има и тема за секоја прилика. Преспанскиот договор. И – името ќе го вратиме. Како ќе го вратите? Со дипломатска активност. Американците и европските партнери одвај некако ја стабилизираа земјава за да ја бутнат во НАТО, па сега допрва ќе отвараат затворени прашања што ќе ги покренува вмровската дипломатија. Веројатно со идниот министер за надворешни работи Антонијо Милошоски, искусниот преговарач за она „горна – долна, пред заграда, по заграда“. И со коалициониот партнер ДУИ. Таман, како што е забрефтан Бујар Османи, и во идната Влада на Мицкоски може да биде вицепремиер за европски интеграции. Па ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со забрзани реформи ќе ја стават земјава на брзата лента за влез во ЕУ.

Ај Мицкоски што лаже дека ќе го избрише „Северна“ од името. Туку, што има луѓе што му ја поддржуваат лагата. А има и такви што му веруваат. Тој вицови кажува, а тие сериозно го сфаќаат.

Целата колумна на следниот линк.