Извадени и оштетени дел од ознаките на спомениците

Извадени и оштетени дел од ознаките на спомениците
16.08.19   10:18

Прочитано : 171

Print This Article

Новата ознака што беше поставена вчера на споменикот на Филип Втори на скопскиот плоштад „Карпошово востание“ ноќеска е извадена и украдена, а на споменикот на Олимпија е оштетена.

Стои залепена ознаката на споменикот на Александар Македонски на централниот плоштад во Скопје

На ознаките, согласно Преспанскиот договор, на македонски, албански и на англиски јазик пишува дека овие споеници припаѓаат на античката хеленска историја и на светското културно наследство.

Поставување на ознаките во Скопје е во надлежност на градските власти и е под видео надзор и редарска служба.

 

  Категории: