Израел подготвен да го бомбардира Иран

Израел подготвен да го бомбардира Иран

 

Израел е подготвен да го бомбардира Иран со цел да го спречи да произведе нуклеарно оружје, изјави израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац во интервју за италијанскиот весник „Кориера дела сера“.

– Дали бомбардирањето на Иран е солуција, која се разгледува од Израел? Да, има таква можност. Нема да дозволиме Иран да произведе или да набави од друго место нуклеарно оружје. Ако тоа е последниот можен начин да спречиме таква активност, тогаш ќе дејствуваме со воени средства, истакна Кац.

Во интервјуто шефот на израелската дипломатија упати критики за европските земји бидејќи ја поддржуваат тврдата позиција на САД, под раководство на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја повлече земјата од иранскиот нуклеарен договор постигнат во 2015 година.

– Се додека Иранците се во заблуда дека ја имаат поддршката од Европа, дотогаш ќе биде тешко тие да се повлечат, смета Кац.

Тој вчера за време на надворешнополитичката конференција во Рим истакна дека е крајно време западните и арапските земји „да формираат коалиција, која ќе му се закани на Иран и ќе го принуди да ја прекине својата нуклеарна програма“.