Излезноста до 10 часот пониска од претходните претседателски избори, повисока од референдумот

Излезноста до 10 часот пониска од претходните претседателски избори, повисока од референдумот
21.04.19   13:49

Прочитано : 244

Print This Article
Izbori

Излезноста на денешното гласање на претседателските избори до 10 часот е пониска за речиси три проценти доколку истата се спореди со бројката од претходните избори за претседател, кои се одржаа 2014-та.

На денешната прес-конференција од ДИК соопштија дека до 10 часот на денешниот прв круг од претседателските избори гласале вкупно 80.569 граѓани, односно 6,05 отсто.

На претседателските избори пак, кои во 2014 година се одржаа заедно со парламентарни избори излезноста на гласањето во првите три часа од отворањето на избирачките места, според тогашните податоци на ДИК, изнесуваше 8,93.

Минатата година пак, на гласањето на референдумот за името, во тој период имало најниска излезност во однос на претседателските избори кога гласале само 5,2 проценти.

  Категории: