Изборниот Колегиум пресече –  избори на 30 јуни во Албанија ќе има

Изборниот Колегиум пресече –  избори на 30 јуни во Албанија ќе има
25.06.19   11:55

Прочитано : 123

Print This Article

Изборниот колегиум вчера во Тирана го отфрли указот на албанскиот претседател Илир Мета за одлагање на локалните избори и одлучи на 3о јуни во земјата да се одржат закажаните избори. Колегиумиот оцени дека указот на претседателот на државата за одлагање на изборите е неуставен.

Веднаш по одлуката на Колегиумот во реакција на претседателкиот кабинет Илир Мета се наведува дека „станува збор за оркестриран скеч на мнозинството“. Притоа се оценува дека указот на Мета нема право да се собори од страна на  Изборниот Колегиум.

Највисоките преставници на ОБСЕ –ОДИХР денеска имаа средба со премиерот Еди Рама. Шефот на мисијата Аудру Гловер и Рама не дадоа детали околу средбата.

Албанското МВР јави дека седум илјади полицајци ке го обезбедуваат изборниот материјал, кој ќе се доставува во гласачките места.

Во меѓувреме опозицијата соопшти дека нема да учествува на локалните избори ниту пак ќе дозволи нивно одржување. Албанските аналитичари оценуваат дека ако нема меѓународнио посредување на 3о јуни ќе има голем ризик за судири на власта и опозицијата. Лидерот на десницата Љуљзим Баша и неговите сојузници соопштија дека одлуката на Изборниот Колегиум е незаконска и оти во сила остаснува указот на Мета за одлагање на изборите. Опозицијата најави нови протести додека пак мнозионството ја продолжува изборната кампања во земјата .

К. Мимидиноски

  Категории: