Иванов се премислил – ќе ја повлечел аболицијата, ама прашувал како  

Иванов се премислил – ќе ја повлечел аболицијата, ама прашувал како   
18.04.16   18:44

Прочитано : 19,769

Print This Article

Претседателот Иванов свесен дека со аболицијата направил преседан кој нема врска со законите, а наиде на гнев и осуда и дома и од меѓународната заедница, според извори на Либертас решил да ја повлече.

gruevski ivanov

За операција „повлекување“ сепак да биде издржана и да не предизвика дополнителен потсмев на адреса на претседателот на државата, ја води неговиот советник Ивица Боцевски.

Овој пат совети не се бараат само од провмровските правници кои кумувале во операцијата за аболирање туку мислење за излез од глупавата позиција во која се најде Иванов, неговиот советник бара и од правни експерти кои не се пулени на власта.

Од аболицијата веднаш се откажа опозицискиот лидер Заев, а по него, веројатно по жестоките реакции и протести се откажаа и Груевски и Мијалков.

Поништувањето на аболицијата од страна на потписникот на истата, претседателот Иванов, најверојатно е на барање на Груевски за да се смират протестите кои од ден на ден се шират од Скопје и во другите градови, но пред се, за да има и почиста позиција на најавените нови преговори на лидерската четворка, овој пат не во Пржино,туку во Виена.