Италијанската коалициска влада пред распад

Италијанската коалициска влада пред распад
20.08.19   11:25

Прочитано : 113

Print This Article
Матео Салвини

Коалициската Влада во Италија од денеска попладне најверојатно ќе престане да постои по најавата за обраќање на премиерот Џузепе Конте и очекувањата за негова оставка.

Во 15 часот по локално време се очекува Конте да поднесе оставка за време на обраќањето пред Сенатот. Доколку Конте не поднесе оставка, се очекува вицепремиерот и претседател на партијата „Лига“ Матео Салвини, кој претходно ја растури коалицијата со движењето Пет ѕвезди да побара предвремени избори. Според последните анкети, „Лига“ и нејзините крајнодесничарски сојузници убедливо би победиле на предвремени избори.

Но без разлика дали Конте ќе поднесе оставка или Салвини ќе побара недоверба на Владата, тоа ќе значи крај на 65-от повоен владин кабинет, само 14 месеци по доаѓањето на власт.

На 8 август Салвини ја раскина коалицијата со Движењето Пет ѕвезди, велејќи дека е заморен од постојаните кавги со сојузникот, со кој се спореа околу големи проекти, како што е изградбата на брза железничка пруга Лион – Торино. Тој тогаш соопшти дека Владата веќе нема мнозинство и побара предвремени избори на есен. Но Конте побара таа постапка да се спроведе во Парламентот. Против секое очекување, Движењето пет ѕвезди и опозициската Демократска партија одбија да расправаат за гласање недоверба, па сега нивните политичари отворено зборуваат за формирање меѓусебна коалиција, со цел маргинализирање на Салвини.

  Категории:
view more articles

Актуелно