Истресени гаќи

Истресени гаќи

Во прв момент, целата оваа приказна изгледа многу забавно. Речиси е неверојатно како се испреплетуваат судбините на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, со шоуменот Боки 13, со документарните филмчиња од скриените камери на Орце Камчев, со избеганиот поранешен премиер Никола Груевски во Будимпешта и со обвинителката Вилма Русковска, која толку многу се разочарала од судиите, што во состојба на афект среде ноќ им се заканува дека ќе им покрене финансиска истрага. Сето тоа, нормално, придружено од изјави на адвокати, ТВ снимки, новинарски извештаи, лекарски дијагнози, експертски анализи…

Да гледаш сеир и да уживаш. Ама, кога ќе ти слегне првичната возбуда, кога ќе се намали љубопитноста и кога сето тоа ќе се обидеш да го свариш со разум, затоа што од нивните испреплетени судбини зависи нашата судбина, сфаќаш дека ова што ни се случува е тежок очај. Судиите, заедно со адвокатите на обвинетите од СЈО, ги употребија сите можни финти да ги одложат судењата, да ги вратат судењата на почеток, да ги застарат кривичните дела. Судскиот совет тие прашања не ги ни поставува на дневен ред.

Обвинителката Вилма Рускоска на судиите што ја пуштаат Катица од притвор во Шутка во домашен притвор им пишува смс пораки дека „ќе ги истресе од гаќи“.

Ај што Русковска се заканува, ама остава и писмен доказ. А јавен обвинител е. Би требало да знае што е доказ. Тоа ти е отприлика слично како кога Катица Јанева, која требаше да лови криминал врз основа на прислушувани разговори, на телефон и тоа пуштена на спикерфон, најспокојно вика: „Не се секирај. Сѐ ќе биде океј“. На чиј телефон зборува? На телефонот на Боки 13.

Шоуменот со брендирани алишта без трансакциска сметка. И на кого му кажува дека сѐ ќе биде океј? На Орце Камчев!?

За правда збориме. Не за мир.

Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука