Иреални сказни од реалниот живот: На каква вага се мери „општествено прифатливото ниво на амнестија“?

Иреални сказни од реалниот живот: На каква вага се мери „општествено прифатливото ниво на амнестија“?
7.11.18   10:05

Прочитано : 367

Print This Article

Помеѓу евроинтузијазмот и евроравнодушноста!?

Дегутантно е,понижувачки, безмалку бизарно, кога, денеска, го слушате портирот Мукоски, како од судиите бара да го “релаксираат”, да ги проретчат рочиштата затоа штотој (обвинет за најтешко кривично дело!), ни бил потребен во парламентот, на комисиската расправа за уставните амандмани. Не од аспект на правото, туку од нормалноста и елементарната човечност, тоа едалеку од умот,т оа е мајтапење со сите нас. НО – ТОА Е ТОА!?

А тоа што Мукоски се мајтапи со неговите довчерашни (и идни!) политички пајташи, ги кани дома на вевчанско кафе ( штета не рече и вевчански луканци!), тоа е сосема нормално, затоа што Similles similli gaudet (сличен со сличен си се радуваат). Мукоски си припага таму- кај тие што наводно ќе го посетеле да кренат рака на него. Тие се иста мустра. Од него и Господ, уште одавна, кренал раце, а за моите вевчанци тој беше и ќе остане воловска лепешка залепена на образот на нивната, односно нашата – македонска демократска пролет.

Но, Мукоски, Василевски и Арнаудов, пред чии домови нашите полицајци ДРЕМАТ и се досадуваат 24 часа, наместо да не чуваат нас од нив и сличните на нив, барем во едно, се во право: Мандатот не е императивен (и колку Мицковски да “запомага”!) тој е на пратеникот, се друго е политичка етика и морал, односно неморал.

За мениците, во некоја друга прилика, зашто погледнато од тој аспект, пратениците си го бараат своето. Јас не знам на колку стотици илјади евра се потпишани, но знам дека Ленче од СЈО, дојде во Охрид, за да го “интрвјуира” Василевски, токму по прашањето: со колку пари – негови, или од неговите (!), си го купи мандатот?

Затоа, драги мои, нема политички плурализам, нема одговорност, нема вистинско застапништво на народот – избирачите, со предизборни коалиции, односно со постизборни калкулации. Не очекувајте квалитетен човечки материјал, секоја чест на исклучоците, во парламентот, без преференцијално гласање и отворени листи. Кога самиот во 2006. година влегов, очекував таму, во храмот – црковен и на демократијата, да го најдам цветот на македонската нација. Излегов со убедување, дека таму, (повторно – секоја чест на исклучоците), го најдов олошот на оваа земја!

Не еднаш и не случајно, сум напишал за сегашнава власт и владеачко мнозинство: Заев, и покрај се, треба да се поддржува, да се потпрат неговите напори за воспоставување на соработка и доверба со соседите, зашто поинаку, нема излегување од калта. Да се поддржува во напорите за внатрешна мегуетничка кохезија, но се до оној момент, додека се види – дали тој ќе истрае во намерата, дали ќе го исполни ветувањето за една изборна единица во Македонија, или не. Ако истрае, ќе исчезнат предизборните коалиции, купувањето пртатенички места, театарот кој сега ни влегува, ни криви ни должни, од екраните.

Ако не истрае, ќе нема ниту една причина за поддршка, затоа што со султан – партии, не во Европа, туку и на врвот од Европа, ќе останеме заглибени во балканското мочуриште, во овој невиден политички театар на апсурдот, во трговничко коалцирање, во “нати го – дај ми го”.

Политичката трговија се решава (разрешува) на првите наредни избори. Јас верувам, или барем се надевам, дека на првото наредно изјаснување, народот на сите ќе им ја испрати целосната фгактура.Барем референдумот дава за право да имам таква надеж.Боројките тоа го сугерираат. На национално, одонсоно локално ниво. Бројот на нас, кои излеговме и гласавме со ЗА на референдумот, воОхрид на пример, нее ниту половичен од бројката на последните локални избори!?

Што се однесува до квалетитетот на човечкиот – пратеничкиот материјал, до него да се стигне единствена можност се преференцијалните листи. Стремиме кон ЕУ, но, без промена на свеста, пак ништо! Хрватскиот парламент е школски пример на квалитет – од една страна, односно политичка трговија, некои велат – проституција, од друга страна. Таму имате претенички и пратеници кои по трет пат освојуваат мандат, без разлика на кое место биле на листата. Тоа е она што нам ни треб а.

Од друга страна, имате пратенички клуб од 10 мандати на градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ (алал да му е на кумот!), чија специфична тежина е помала од само еден мандат на братчето на Јадранка Косор. Затоа што тој мандат е изборен самостојно, коалицијата е постизборна, додека мандатите на Бандиќ се купени со пари и привелегии. Тоа е она што е копија – под индиго и кај нас и што не ни треба.

Која е специфичната тежина на пратеници (од партии и “партии”!), чии мандати се подарок од листите на двете најголеми политички партии? Која е специфичната тежина, на пример, на пратеничката од “феудот” на Зинго? Се разбира дека “специфичната тежина” не е во нејзе самата, туку во синчето, кое треба да се спасува од затвор, заработен, пак, на “феудот” на Зинго! Мара попара – каша попара!!!

Разбира се, во една таква каша – попара, ќе се најдат и пратеници чија “специфична тежина” е далеку (небо-земја) поголема од реалната. Во времето на Ј.Б.Тито, ние новинарските пискала, сакавме да мудруваме дека Титова Југославија има посебна специфична тежина во светот! Наследство си е наследство, така е и денеска со нашата Титоистичка партија. Поради таа специфичност, оваа партија го крие кадрото и некадрото што го вгнездила по државните институции и јавни претпријатија, како змија нога! Само така е можно, зад завесата, во најбогатото јавно претпријатие во земјата, да го вгнездите “својот кадар” – во пакет со зетот, како член на УО и шеф на кабинет!?Како (од) Струга нема друга!А, и да има – чуму ти е!?

Така е затоа што живееме во општество без јавност, во општество каде проспериритетот го обезбедуваат лојалноста и вештината во манипулациите. Живееме во острово, кое треба да се интегрира со европското копно, а опкружено е со предатори. Општество на поданiци кои не знаат што сакаат, а знаат што не сакаат. Општество без минимум граганска кондиција, без политичка култура, препуштено на политичката манипулација.

Длабинските поделби во општеството се обидуваме да ги закрпиме со политичка трговија, единството ни е само во лукративноста. Мислиме дека со свртување на главата од жалната реалност, ќе се изгуби и реалноста, а не само лажната слика. Евроинтузијазмот, постепено ни преминува во евроравдодушност, затоа што не само што ја приграбуваме европската хипокризија, туку многу успешно ја надградуваме.

Се разбира, дека, утрово не сум се разбудил, преобразен од Павле во Савле!Дека, дибидус ме напуштил оптимизмот.Напротив! Но,сепак, време е да се каже јавно дека речиси е истопена кондицијата за оптимизам. Оваа влада дојде на крилјата на граганското несогласување, кај нас дефинирано како “Шарена револуција”. Но, испадна дека е таа пошарена отколку мислевме, дека многу “шарени” ги приграбиле придобивките.

Потребни ни се нови вертикали, граганско несогласување, алтернативност на сите нивоа и во сите сфери на живеењето.

Веле Митаноски

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести