Иреални сказни од реалниот живот: А сега, мандатот назад кај народот!

Иреални сказни од реалниот живот: А сега, мандатот назад кај народот!
18.01.19   11:15

Прочитано : 742

Print This Article

“Мала бара – пуно крокодила”!?

“В,ти сучи, па,ичката!” падна каде што падна, а сега мандатот – назад на народот!

Владеачките и опозициските партии од македонскиот блок, кои, горе долу, владеат сеуште заедно (во смисла на заеднички кадри во пониските ешалони!), власта да си му ја вратат на народот, а тој повторно да им ја даде. Вака повеќе не оди.

Опозицијата можеби ги бара изборите – за да не ги добие (Заев), но владеачкиот СДСМ, повеќе не може да се крие зад оваа флоскула. Ниту зад онаа: поради националните, демек – државните, ќе ги заборавиме партиските избори. Нека одат на избори, еве ќе им признаеме дека приоритет им се државните интереси. Дури и ќе ги пофалиме што, ете, партиските интереси, нели, ги жртвуваат за државните. Ако во изминатиов период толку работи им простивме, толку кнедли не стегнаа во гушата, па, кај било, ќе им го простиме и ќе се определат за партиските интереси!.

Партиите од албанскиот блок, исто така, нека се подготвуваат за избори. Флоскулата на Али Ахмети, дека е сега време за реформи, нека ја остават малку за понатака. На таа флоскула повеќе не верува никој од македонските Албанци. Тоа убаво го кажува дипломатот- колумнист, Арсим Зеколи: Ним одсегоша им бил помил Тендербег од Скедербег! Се друго е замајување на јавноста.

Но, за да ја вратат партиите власта назад кај нардот, најнапоред треба самите, внатре и во менталниот склоп на лидершипот – да се развластат. А, ќе се развластат само така, ако прифатат нова изб орна регулатива: Една изборна единица, префернцијални листи за гласање, нов закон за финасирање. Тоа можат да го направат. Тоа го можат, ако го сакаат и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и албанската опозиција. Ако ВМРО ДПМНЕ со Алијансата на Села и крилото на Касами (БЕСА) се најдоа по прашањето на предвремените избори (можно е да се најдат и по прашањето на кандидатите – ВМРО ДПМНЕ со свој вопрвиот криуг, а албанската опозиција со заеднички, за вториот можеда се претпостави…!?), тогаш, ќе ја оставиме ДУИ уште м,алку со својот Тендербег и ќ еодиме на изб ори по нови начела. СДСМ, заедно со ВМРО ДПМНЕ, со Села и Касами, тоа можеда го избоксува.А, има тука, сполајму на Бога, пријатели на Скопското кале, кои и Ахмети, на крајот, ќего донесат за уши во парламентот – по истото прашање.

Го слушав деновиве на еден национален ТВ канал, владиката Агатангел. Никогаш не сум одобрувал црквата и државата да си ги мешаат владините и манастирските лончиња (така е подобро и за едните и зза другите), ама дедото Агатангел ми изгледаше доста омекнат, политички рационален. Вели за Македонија е единствен спас – Трета опција. Да, но, таа,повеќе, за жал, не е можна. Ја урниса пријателот Циле Национале, а дефинитивно капакот и го стави другарот Тито. Бидејќи бев сведок на двата процеси, во вториот случај и учесник, можам ова и да ви го гарантирам.

Тогаш што е спасот? Спасот е ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, заедно, да поработаат малку за Албанците во Македонија, а не за нивните политички претставници. Но, во тоа треба да им помогнат и политичките претставници на македонските Албанци. Од Ахмети такво нешто не очекувајте, но зошто не би помогнал и пријателот Мнедух Тачи, покрај, Касами и комши Села?

Во интерес на Албанците е да се обеснажи фамозниот Мајски догвор (власт по секоја цена – победник со победник!), помегу Ахмети и Груевски. Еве им добра прилика на другарите – господа од ВМРО ДПМНА, да свртат нова страница и да расчистат со Груевизмот. Ем уште и отворена врата – да го повратат, колку толку, политичкиот кредит кај Албанците. И да му одземат на СДСМ поприличен број гласови од Албанците. Не дека тие ќе се слеат на контото нивно, но можеби ќе се прелеат кај Касами и Села. А тоа и не е толку лошо за каква – таква македонската демократија.

Само една секвенца, еден пасус, од мојот говор во прламентот 2008 година (стенографски белешки), за оние кои ќе ме обвинат за задоцнета памет: “Почитувани, од денеска, на сцена е нов политички концепт. Се руши досегашниот на стратешки партнерства и на голема врата се промовира партнерство на победнички партии. Во наши услови, тоа е директен вовед во федерализација на земјата, или, ако сакате бинационална држава”. (Завршен цитат).

Стариот политички лисец, бившиот министер за финасии, Хајредини, не случајно, подучува дека во Македонија нема ниту “Д” од демократија, ниту “П” од правна држава, се додека кадрите на Али Ахмети, а и тој самиот, не заминат во историјата. Него можат да го испратат таму само заедно Македонците и Албанците, само заедно – СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Како? Само така, што ќе ја вратат власта кај народот ,а истовременмо и самите, внатрешно ќе се развластат. Навистина е богоудобно да си Султан во паритскиот султанат. Но, тоа е само домашен есап. Кога ќе појдете на пазарот, особено ако е тој “сточен!” (метафората за парламентот), домашниот есап таму не излегува така. Таму треба да се пазарите со криминалци, убијци со умисла, таму на Елизабета треба да и дозволите да си пишува закон за спас од апс (!), да не ви говорам за Авировиќка, за нашите портири од Охрид и Вевчани, за……

Значи, домашниот и мегународниот контекст, бараат итна реакција, итна промена на состојбите. Итно проветрување. Ако тоа се остави Заев да го прави само во владината шампита – ништо од бизнисот. Таму тој не може да направи ништо без амин од зоти Амети! А и да направи, ќе биде само козметика. Единствената шанса му е парламентот. Тој со ваков парламент не може да испорача ништо повеќе.

Иако не е се готово, доста е што ни го испорача влезот во НАТО. За во ЕУ малку ќе почекаме. Ниту таму ќе не примат со Тендербег на грбот, ниту овде, така лесно, интегративците ќе се откажат од него. Едноставно, тие така функционираат.

Заев не може да испорача од парламентот ништо повеќе, затоа шти ние не можеме повеќе тоа да го консумираме. После сето тоа што го проголтавме за НАТО, односно за успехот на Преспанскиот договор, во нашите грла веќе нема простор за нови кнедли. Ако Заев сака, сето ова што ни е застанато во грло, како – така да го проголтаме и свариме, тој не смее да ни испорачува повеќе ниту трошка, а не кнедла! Нова партитура, со овој расштиман орткестар, тој, повеќе, не може да отсфири.

Тој треба да знае дека целта ни е заедничка, но не и патеките (кривините) до целта. Односно, треба да направи се што е во негова моќ, за да заборавиме низ кави се кривини и стрмини минавме. Само што не се стрмоглавивме. Значи, ако спие на увото дека со купувањето на време ние тоа ќе го заборавиме, треба веднаш да се префрли на другото уво. Да ни даде шанса, уште веднаш, тоа да го заборавиме, инаку со секој нареден пазар во парламентот, сеќавањата, ноќните кошмари, само ќе ни ги потхранува.

На што не упатува мегународниот актуелен контекст. Би Путин и помина -замина!Дали има симболика во тоа што задоцни часиполовина, или, не – ќе видиме дополнително. Мојот, првичен, краток коментар беше: “Русија на солзите не им верува!” (руска поговорка), а изгледа не – и на насмевките и воздишките на Вучиќ. Тој, мораше да го моли, тајно и во последен час, поглаварот на СПЦ Иринеј, за Путин, да изусти, едно: Спасиба! Уште и на српски – “да га цео свет разуме!”. И толку.

Беше добра вест што Путин дојде во Србија, но лоша вест е тоа што Вучиќ мислеше и сакаше да го претстави тоа, дека дошол во посета на неговата Српска напредна странка! Секоја чест на искрените – народни поздрави и ненаместени насмевки: “Поставете се убаво да се сликаме спонтано”! На Балканите: “Лакше је човека расплакати, него насмејати”!

Ова колку за потсетување на пријателот Јанко Бачев, кој, исто така, доцна стигна пред парламентот! Путин не вети ништо повеќе од Резолуцијата на ОН – 1244 ( види:Nations by General Assembly resolution A/RES/55/12 of 1 November 2000) и не рече ништо СПЕКТАКУЛАРНО од она што би го кажале и го кажуваат американските и кинеските лидери.

Светот повеќе не е еднополарен, па ниту – биполарен. Српските горливи прашања веќе се влегоа во Советот за безбедност (таму беа и Вучиќ и Тачи), додека Лавров заговара и македонскиот “вопрос” да се префрли на Ист Ривер! Разумните во Србија велат дека нема решение, ако тоа не го направат Путин и Трамп – заедно. Наскоро ќе им треба уште еден – оној од Пекинг. Само интересите се трајни. Дури, ќе се покаже, дека и претераната љубов кон американските миленичиња на Балканот – Албанците, не била трајна. Харадинај, ако брзо не се вразуми, ќе го види тоа на своја кожа. Нема нов Дејтон, нема Голема Србија, нема Голема Албанија! Погледнете ја оската на која се судрија премиерот Еди Рама и председателот Илир Мета. Во Прилеп, Ветенеиот “Солунски Конгрес!” на ВМРО ДПМНЕ, ако не се опамети, ќе го собере само истоимената меана во Гевгелија.

А може да има, но само “виа Брисел”, единствен културен просотор: И за Албанците и за Србите и за Македонците. Ништо повеќе од тоа. Долгата рака на Вујко Сем, Кинескиот појас и рускиот гас ќе ги диктираат идните односи на Балканите. Ние само треба да го фатиме возот на време, за да не бидеме тревата над која ќе се поттурнуваат слоновите! (“Биди промената што сакаш да ја видиш во светот. Нашата големина е во нашата способност да се прилагодуваме” – Мохандас Махатма Ганди).

Мала бара – пуно крокодила!!!

Веле Митаноски

  Категории: