Инциденти во Северна Ирска во пресрет на „портокаловите маршови“

Инциденти во Северна Ирска во пресрет на „портокаловите маршови“
12.07.18   17:59

Прочитано : 73

Print This Article
loading...
loading...
portokalovi marsovi

Во Белфаст и други градови во Северна Ирска денеска избиле безредија во пресрет на одбележувањето на протестантската победа во битката кај реката Бојн во 1690 година.

Маскирани вооружени лица од редовите на протестантската заедница запалиле еден автобус и 12-ина автомобили во источниот дел на Белфаст, а полицијата предупреди дека се подготвувале и поголеми пресметки. Врз една полициска станица била фрлена импровизирана бомба. Вкупно полицијата имала неколку стотици интервенции, од кои најмалку 50-ина биле за разни пожари.

Протестантите во Северна Ирска, кои се залагаат за цврсти врски со Англија, традиционално организираат „портокалови маршови“ во чест на победата на кралот Вилијам Трети над католичкиот претендент на престолот Џејмс Трети. Обидите овие паради да се одржат во близина на католичките населби во Северна Ирска редовно предизвикуваат судири.

  Категории: