Инцидент пред гласачко место во Ново Лисиче – хулигани нападнале жена што гласала, па се судриле со полицијата

Инцидент пред гласачко место во Ново Лисиче – хулигани нападнале жена што гласала, па се судриле со полицијата
30.09.18   10:09

Прочитано : 943

Print This Article

Инцидент на стартот на гласањето пред Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во скопската населба Ново Лисиче.

Група од млади малтретирале жена која дошла да гласа на референдумот на гласачко место во училиштето, по што интервенирале полицајци кои биле распределени на ова гласачко место. Напаѓачите се спротиставиле и судриле со полицијата, по што дошло засилување и лицата биле приведени и однесени во полициска станица, велат очевидци за Либертас.

Лица од групата извикувале „Смрт за ш…..и“.

По инцидентот, пред училиштето има засилено присуство на полиција, а гласањето тече непрекинато.

Се очекува официјална информација од МВР за инцидентот.

Дополнето:

МВР за инцидентот пред гласачко место во Ново Лисиче: Приведено момче кое навредувало граѓани и нападнало полицајци

  Категории: