Институцијата Претседател на Државата мора да биде над ВЛАДИТЕ и партиските коњуктури

Институцијата Претседател на Државата мора да биде над ВЛАДИТЕ и партиските коњуктури
23.04.19   23:21

Прочитано : 506

Print This Article

Грешиме кога повторно изборот на Претседателот/ката на Државата го поврзуме со Владата притоа велејќи дека тие што се задоволни од успесите на Владата ќе гласат за Професорот Пендаровски а тие што не се, за опозицискиот кандидат Професорката Силјановска. На штотуку искажаниот аргумент на претставникот од мојата доста трауматизирана генерација Антонио Милошовски во Телма би додала дека во принцип овој вид на читање и видување е манипулативен, дури контрадикторен пред Уставот.

Ваквото црно бело пропагандирање е сличен со симулакрум аргументирањето што пополека станува наратив на ВМРО ДПМНЕ а во принцип е доказ за догматска пропаганда . Таквата го става Професорот Пендаровски во улога на жртва а Професорката Силјановска во контра Уставна дубиоза. Нит првиот не влезе во оваа трка со чувство на Херојство, а нит втората со чувство на Спасувачка! Овие се доста апокалиптички пара/демократски политички аргументи, и очекувам Антонио да се потруди повеќе !

Институцијата Претседател на Државата мора да биде над ВЛАДИТЕ и партиските коњуктури, а време е да афирмираме вистински цивилизациски дух и да научиме да гласаме за Личноста над се, сметајќи дека силата , аурата на индивидуата во едно општество може да проектира демократски разум, демократска вредност и наратив на правда.

На дебатната емисија се зеде за пример гласањето во Арачиново, а треба да се разбере дека овој случај е само поука за Премиерот дека со неискусна личност не може да се придобие гласачкото тело при било какви избори, г/та Миликије е доказ за СЛАБ ЛИДЕР НА ОПТШТИНАТА и не смее повторно да се кандидира таков профил за Прв Човек на Општината , а истовремено примеров Арачиново е поука за ВМРО ДПМНЕ /ДУИ бидејки имаа време скоро 20 години да го изградат тоа што не успеа г/ѓа Миликије да го направи во текот на овие три години .

Лажниот наратив и лажната свест нит придонесува правда ако така сакате да ја катапултирате Професорката Силјановка за Претседателка, а нит триумфалниот наратив нема да го лоцира Професорот Пендаровски за Претседател. Оставете им простор на нивните вистински аури! Ние , гласачите умееме да ги декодираме нивните аури без вас секако. Впрочем ова трка треба да биде наш избор, а не ваша понуда! Дајте ни слобода да го спасиме тоа што преостана да се спаси !

Аделина Марку – Фејсбук статус

  Категории: