Инспекција утврдила пропусти кај наставници во училиштето каде ученичка беше тепана од две други соученички

Инспекција утврдила пропусти кај наставници во училиштето каде ученичка беше тепана од две други соученички
16.04.18   13:08

Прочитано : 486

Print This Article

Утврдени се некои потфрлувања во однос на работењето на одделни одделенски раководители, кои педагошката евиденција ја воделе со пропусти. Ова го покажал увидот на просветната инспекција во неготинското основно училиште “Гоце Делчев”, откако две ученички нападнаа трета во дворот на училиштето.

– Педагошката евиденција ја воделе со пропусти. Се мисли на пропусти при регулирањето на изостаноците, од страна на одделни одделенски раководители. Тие требало да достават предлог до соодветните органи во училиштето, за изрекување соодветни педагошки мерки. По извршената инспекција ќе го сторат тоа, со цел позитивно да се влијае врз однесувањето на учениците и да се постигне поголемо чувство на одговорност и спречување на негативно и асоцијално однесување, велaт за МИА од  Министерството за образование и наука.

Оттаму додаваат дека од страна на училиштето  ќе бидат  преземени соодветни мерки за надминување на состојбите.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести