Индијка роди близначки на 73 години

Индијка роди близначки на 73 години
6.09.19   18:30

Прочитано : 410

Print This Article

Една 73-годишна Индијка родила две женски близначки во индонезиската држава Андра Прадеш.

Лекарите ја породиле жената која е зачната со помош на вонтелесно оплодување.

Гинекологот изјави дека мајката и бебето се добри.

Мангајама Јарамати рече дека таа и сопругот, кој има 82 години, отсекогаш сакале деца, но досега не успеала да зачне.

Нејзиниот сопруг Ситарама Рајарао неколку часа по раѓањето на бебињата изјави дека двајцата се многу среќни.

Меѓутоа, само еден ден откако се родиле близнаците таткото претрпел мозочен удар и се наоѓа во болница.

– Ме нарекуваа жена без деца. Се обидовме многу пати и одевме кај повеќе доктори. Ова е најсреќниот период во мојот живот, рече мајката.

Близначките се родени со царски рез, што е вообичаена процедура во такви ретки случаи.

  Категории:
view more articles

Актуелно