Има ли Мицкоски план Б?

Има ли Мицкоски план Б?
11.09.19   19:10

Прочитано : 2,006

Print This Article

Ви пренесуваме дел од колумната на Џабир Дерала за Цивил Медиа:

Се формирал парламент, се напишале закони, се избрала влада да ги спроведува, имаме претседател (конечно)… Се изградиле институции и во физичка и во правна смисла на зборот… Сѐ си имаме, a ништо немаме. Постојано на почетокот на нештата или, поточно, на дното, потонати во смрдливата кал на настаните предизвикани од корупцијата, организираниот криминал и оние што се загрозени од нашата европска иднина.

Нештата имаат свое име. Нема зошто да ги затвораме очите пред очигледното. Системот не функционира. Сите институции, сиот правен и политички поредок се заобиколуваат и сѐ се сведува на преговори меѓу партиските лидери. Ништо што е поврзано со преговорите не е предвидено со законите, нема врска со логиката, не гарантира солидно, долгорочно решение. Од друга страна, нема поинакво решение. И тоа е, всушност, трагедијата на македонската демократија која, преведена во секојдневие, не му носи ништо добро на обичниот човек во нашата земја.

Правдата што толку долго ја очекуваат луѓето е невозможна по нормален, законски, демократски пат. Парламентот, местото каде што треба да се решаваат проблемите, колку и да звучи контрадикторно, беше и остана главната пречка за нивното решение. Како и да се заврти, сѐ се сведува на тоа. Затоа, се преговара.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести