ИФИМЕС: Претседателски избори во Северна Македонија – се бира помеѓу антиката и иднината

ИФИМЕС: Претседателски избори во Северна Македонија – се бира помеѓу антиката и иднината
16.04.19   09:41

Прочитано : 246

Print This Article

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, Словенија, подготви анализа на актуелната политичка ситуација во Република Северна Македонија по повод првиот круг од претседателските избори, што ќе се одржи на 21 април 2019 година.

Граѓаните повторно бираат помеѓу антиката и иднината

Во Република Северна Македонија на 21 април 2019 година ќе се одржат шестите претседателските избори од прогласувањето независност на 8 септември 1991 година.

На овие избори, право на глас има 1.808.131 гласачи. Симптоматично е тоа што на овие избори регистрирани се гласачи 1.803.131, додека вкупниот број жители на Северна Македонија е само под 2,1 милиони жители. Бројот на гласачи е околу 20% понизок од вкупното население во Македонија. Прашањето е, можно ли е само 20% од населението на Македонија да е под 18 години, или тоа е класичен обид за манипулација со гласовите на граѓаните со цел во избирачкиот список да се запишуваат и мртвите, како и оние кои долго време не живеат во Северна Македонија или кои живеат во странство – привремено или трајно.

За претседателската фотелја ќе се натпреваруваат три кандидати:

● Стево Пендаровски, кандидатот на владејачката СДСМ (Социјалдемократски сојуз на Македонија) и уште 30 политички партии

● Гордана Силјановска кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, поддржан од страна на неколку мали коалициски партии

● Блерим Река, кандидатот на Сојузот за Албанците и движењето БЕСА.

Покрај претседателските избори, локални избори за избор на градоначалници ќе се одржат и во општините Охрид, Ново Село и Дебар.

Вториот круг од претседателските избори е закажан за 5 мај 2019 година.

Последната пресметка со груевизмот и ивановизмот

Претседателските избори се шанса за продолжување на промените кои започнаа со формирањето на новата коалициска Влада на Република Северна Македонија (31 мај 2017 година), предводена од премиерот Зоран Заев (СДСМ).

Претседателските избори во Република Северна Македонија се невообичаени избори за двете страни на политичкиот спектар (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ), поради политичката борба меѓу демократијата и авторитаризам или помеѓу граѓански и / или етнички карактер на Северна Македонија. Иако ова се претседателски избори, сепак, тоа е избор меѓу “старите времиња и иднината”, иако номинално сите се за “Запад”.

Претстојните претседателски избори се последни во низата на процесот на преземање на власта, кој започна со формирање на нова Влада на Република Северна Македонијана 31 мај 2017 година па преку локалните избори во октомври / ноември 2017 година, каде што дефинитивно е поразен режимот на Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ) и Сашо Мијалков (ВМРО-ДПМНЕ), стои во анализата на ИФИМЕС.

Затоа претседателските избори се важни, затоа што на нив се задава последниот удар на т.н. „Груевизам и ивановизмот, кој практично сега го продуцира актуелниот претседател Ѓорге Иванов и кој се обидува да го реинсталира преку кандидатката Гордана Силјановска Давкова.

Зоран Заев и Алексис Ципрас со Преспанскиот договор ја поразија доктрината на Слободан Милошевиќ и Константин Мицотакис, а со тоа го отворија патот на оваа успешна балканска приказна.

Целтата анализа прочитајте ја тука

  Категории:
view more articles

Останати вести