И Рамуш Харадинај наседнат од руските пранкери

И Рамуш Харадинај наседнат од руските пранкери
12.07.19   16:36

Прочитано : 279

Print This Article
haradinaj-prank
Руските комичари познати под псевдонимите Вован и Лексус, во периодот од јануари до април оваа година, го наседнале и косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

Разговорот го објави руската телевизија „русија 24“, а во него комичарите се претставуваат како украинскиот поретседател, Петро Порошенко.

Во емитуваниот разговор се слуша како „Порошенко“ му ветува на Харадинај дека ќе го признае Косово по изборите во Украина. Во продолжение на разговорот Харадинај го прашува својот соговорник дали некако може да придонесе за негова промоција пред изборите.

„Најдобро што може да направите е да ме поддржите како претседател“, рекол лажниот Порошенко.

На 29 март, на твитер профилот на Харадинај се појавува текст во кој косовскиот премиер му ја дава ветената поддршка на „својот пријател“ Петро Порошенко…

Ramush Haradinaj

✔@haradinajramush

I fully support and wish good luck to my friend Petro Poroshenko @poroshenko, the President of on Presidential elections. The Euro-Atlantic path ensures peace, stability and prosperity.

Сепак, на изборите во Украина победи неговиот противкандидат, Володимир Зеленски, освојувајќи високи 73,22 проценти од гласовите.
  Категории:
view more articles

Актуелно