И починатите мигранти заглавени во правните лавиринти – тема во Студио 1

И починатите мигранти заглавени во правните лавиринти – тема во Студио 1
8.11.18   23:01

Прочитано : 114

Print This Article
loading...
loading...
Studio 1

Две мртви тела на мигранти од Бангладеш веќе четири месеци се во АД Бутел и не може да бидат погребани. Оттаму велат дека нивните семејства се најдени, но тие се уште не се идентификувани. Настрадале во сообраќајна несреќа и бидејќи станува збор за кривично дело криумчарење на мигранти, случајот е под надлежност на Јавното обвинителство. Во меѓувреме, тарифникот на АД Бутел врти за сметка на Радовиш каде што се случила несреќата.

-За да се изврши идентификација на починатото лице, треба државата да достави документ издаден од таа држава, со слика, или документ со дактилоскопирани податоци. Ако не е во можност, може да достави ДНК материјал од блиски роднини, за да извршиме споредба, изјави јавната обвинителка Енѓелуше Кадриу Леши.

Мерсиха Смаиловиќ од Легис вели дека бидејќи преживеаните од несреќата ги идентификувале починатите, кои и самите носеле документи со себе, Исламската верска заедница барала да ги погреба. Во меѓувреме се јавиле семејствата кои сакале да бидат вратени во Бангладеш, но цената на транспортот се покажала превисока за сите, па се согласиле да ги погребаат на муслиманските гробишта во Скопје.

-Сигурни дека АД Бутел веќе ја знае постапката отидовме да прашаме кога ќе се изврши погребот и ни рекоа во четврток. Ги известивме нивните пријатели од Англија кога ќе биде погребот, тие дојдоа во среда и тука почна голготата, вели Смаиловиќ и објаснува дека од погребалното претпријатие веднаш побарале да им бидат исплатени трошоците и почнале да ги вртат низ правните лавиринти.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

  Категории: