И контрадемонстрантите од ГДОМ поканети на консултации од ЕУ за излез од кризата

И контрадемонстрантите од ГДОМ поканети на консултации од ЕУ за излез од кризата
21.05.16   22:44

Прочитано : 7,134

Print This Article

Запрашан за тоа каде гледа улога за граѓанското општество во разврската на кризата, првиот извршен директор на невладината МЦМС, Александар Кржаловски, рече дека инклузивноста ја разбира пошироко.

– Денеска добив потврда дека и Европската Унија така ја разбира. На пример, поканите сме на консултации во кои е поканет и ГДОМ. За прв пат гледам дека на покана од ЕУ се поканети и контра-протестите. За мене тоа е чекор плус, бидејќи така сметам дека е преголема поларизацијата и треба и најголемите опонентите – и водачите на Шарената револуција, односно критичари на актуелната власт, и нејзините бранители да седнат и да разговараат еден со друг, цивилизирано и со аргументи, и да се види кој е излезниот пат – рече Кржаловски.

gdom

Токму ГДОМ се јавуваше како организатор на контрапротестите изминатиот период, каде луѓето се носеа организирано со автобуси од повеќе градови во Македонија.

Регртуација за протестите имаше преку смс пораки, често со закани.

12992911_10209233860833226_1111049678_n[1]

CgA60N0WIAEKu9l[1]

Контрапротестите беа целосно апсурдни поради тоа што одлуката за помилување ја донесе претседателот Иванов кој беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а Заев неколку пати ја отфрли. Одлуката доаѓа токму кога СЈО започна со процеси против водечките луѓе на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму Александар Пандов од движењето ГДОМ повика Уставниот суд времено да ги забрани активностите на невладиниот сектор.

– Ќе испратиме барање до Уставниот суд за времено запирање на работа на сите граѓански здруженија, фондации и политички партии кои во моментов ја рушат и урнисуваат Македонија – рече Пандов на еден од контрапротестите.

Сега, Пандов и останатите од ГДОМ ќе вежбаат инклузивност и дијалог со оние кои сакаат да ги забранат, бидејќи, наводно, ја урнисувале Македонија. Дијалогот ќе го вежбаат кај меѓународната заедница, која, според нив, исто така ја урива Македонија.

 

  Категории: