Хоакин Феникс е главен кандидат за Оскар

Хоакин Феникс е главен кандидат за Оскар
19.08.19   14:38

Прочитано : 423

Print This Article

Според квотите на американските кладилници, актерот Хоакин Феникс е главен кандидат за Оскар во категоријата главна машка улога.

Холивудската ѕвезда премиерно ќе го претстави „The Joker “ во Венеција следниот месец, по што ќе следи проекција на филмскиот фестивал во Торонто. Фактот дека суперхеројските филмови ретко гостуваат на фестивали од овој калибар ги поттикна шпекулациите дека филмот е соодветен кандидат за Оскар.

Шансите за обложување на Феникс се 9/4, додека Том Хенкс за улогата на г. Роџерс во “A Beautiful Day in the Neighbourhood “ има е 3/1  шанси. Тарон Егертон има 10/3 шанси со улогата на Елтон Џон, додека Антонио Бандерас е 7/2 во улога во „Pain and glory “ на Алмодовар.

Во моментов, најдобрата шанса, според кладилниците, за Оскар за најдобра слика е драмата на Нетфликс „Marriage story “ во која глумат Скарлет Јохансон и Адам Драјвер во главните улоги (5/1). Следниот кандидат е „Once Upon a Time in Hollywood “ на Тарантино (6/1).

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести