Харадинај: И јас разговарав со руските комичари

Харадинај: И јас разговарав со руските комичари
11.07.19   19:25

Прочитано : 749

Print This Article

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека имал телефонски разговор од хакирана линија и со двајцата руски комичари, но како што рече тој, во нивниот разговор немало нешто специфично затоа што се знаат неговите ставови за Косово и поради тоа немало многу за објавување.

Харадинај овие изјави ги даде на прес-конференција, по редовната владина седница.

– Со претседателот Петро Порошенко зборував, но потоа и со комичарите. Еден или два разговори сум имал со него од безбедна линија. Додека, имав и еден разговор од хакирана линија, од каде ме побарале. За среќа мојот разговор не излегол од шаблонот и не го објавиле – рече Харадинај.

Тој, исто така, рече дека во последните десет дена не разговарал со премиерот на Македонија, Зоран Заев.

– Со премиерот Заев, во овие последни десет дена не сум имал можност да се допишувам или да разговарам со него. Важно е Косово да знае, дека како со телефон така и со отворени врати, имам еден став и поради таа причина моите разговори не се објавуваат – додаде косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, пренесува Телеграфи.