Хан пристигна во Пржино: Се надевам дека денот ќе биде добар

Хан пристигна во Пржино: Се надевам дека денот ќе биде добар
15.01.16   11:17

Прочитано : 1,217

Print This Article

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, пристигна во резиденцијата на Европската унија во Пржино. Тој не сакаше да даде изјава за медиумите, само кусо рече дека се надева дека денот ќе биде добар.

johanes han1[1]

– Моментално немам што да изјавам, можам само да ви кажам дека се надевам дека денот ќе биде добар – рече Хан.

Веднаш по Хан, пристигна и делегацијата на СДСМ, во која се лидерот Зоран Заев, потпретседателката Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски.

По СДСМ, средба со Хан во 11.30 часот ќе имаат претставниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно Хан, на својот твитер-профил објави дека е на пат кон Македонија.

„На пат кон Македонија, каде што ќе се сретнам со лидерите на четирите најголеми политички партии. Уште еднаш ќе ја потенцирам одговорноста на сите политички лидери да се имплементираат политичкиот договор и реформските приоритети, во интерес на граѓаните“, сподели Хан на својот твитер-профил.

Мета