Хакерски напад на сајтот на избирачкиот список? – ДИК демантира, МВР ќе истражува и ќе излезе со официјален став

Хакерски напад на сајтот на избирачкиот список? – ДИК демантира, МВР ќе истражува и ќе излезе со официјален став
21.04.19   13:36

Прочитано : 450

Print This Article
хакерски – напад

Дата база со преку еден милион имиња, адреси и останати податоци за гласачите се продава на интернет, а истата се рекламира на руски сајт за, како што се вели,  „хакерски услуги“ .

„Јас пакистански хакер, продавам голема база од сајтот ‘izbirackispisok.gov.mk’ со преку 1 милион запишани. Во него има имиња, презимиња, дати на раѓање, фотографии, уверенија, адреса, град.

Цена во приватни пораки. Фотографија од базата како доказ“ – пишува во огласот објавен на руски хакерски форум.

1ТВ побара информација од МВР, оттаму рекоа дека не се запознаени со случајот, но дека ќе го истражат и ќе излезат со официјално соопштение.

Ова прашање беше поставено и на првата прес-конференција на ДИК, но оттаму демантираат и  велат дека сајтот е заштитен со посебна безбедносна платформа.

  Категории: