Хајнекен“ мора да му плати 80.000 евра на Бреговиќ

Хајнекен“ мора да му плати 80.000 евра на Бреговиќ

Високиот суд во Загреб ја потврдил дека пиварата „Хајнекен“ треба да му плати на Горан Бреговиќ 80,7 илјади евра, плус камати, заради неовластено користење негови песни. Бреговиќ ја тужел компанијата пред девет години, а судот уште лани досудил во полза на босанскиот музичар.

Судот утврдил дека „Хајнекен“, кој е сопственик на „Карловачка пивара“, без одобрение од авторот ја користел песната „Битанга и принцеза“. Музиката била употребена во рамките на маркетинг кампањата „Карловачко лајв 2007“, а песната ја преработиле, односно синхронизирале во ТВ и радио спот и објавиле и рекламна содржина на официјалната интернет страница Карловачко.хр.

На тој начин било повредено авторското право на Бреговиќ, стои во пресудата.

Поради повредата на авторски права, Бреговиќ ја тужел оваа компанија и за други песни кои тие ги користеле од 1 ноември до 31 декември 2017 година, но судот ги отфрлил тие барања.