Груевски за пописот: Трипати мери, еднаш сечи

Груевски за пописот: Трипати мери, еднаш сечи
11.06.19   21:18

Прочитано : 1,080

Print This Article

Бегалецот Никола Груевски кој од денеска веќе не е пратеник, на Фејсбук се огласи за пописот:

„Принципот на ,,четири очи,, ,највисока досега транспаретност, инклузивност и технологија, стандардите на Еуростад и изреката ,,трипати мери еднаш сечи,, се најважните работи кои треба да се имаат на ум кога станува збор за спроведување на следниот попис во Македонија.

Државните пред партиските и личните интереси. Само чесен приод и чесни намери на сите учесници може да резултира со успех, но и силен надзор и контрола. Секое одбегнување надзор и контрола од организаторот ќе внесе сомнеж и недоверба уште во рана фаза. Само кристално ,,чист,, попис може да е успешен и признаен од сите.

Искуствата од минатото, од пред седум и пол години треба да се водилка кон одбегнување на истите проблеми, за проблемите да не се повторат.
Луѓето го спроведуваат пописот. Нивниот интегритет, чесност и независност, пред се.

Заради уставните одредби кои произлегоа од охридскиот рамковен договор, во Македонија освен статистичка операција, има и сериозна политичка важност“, напиша Груевски.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести