Груевски: Рано е за изјави, имам фабрика за отворање

Груевски: Рано е за изјави, имам фабрика за отворање
15.01.16   14:00

Прочитано : 3,453

Print This Article

Премиерот Никола Груевски, по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан во Пржино, одби да даде изјава за медиумите, бидејќи според него рано е за изјави од средбата, пренесе Радио Слободна Европа.

gruevski

„Рано е за изјави од Пржино, сега одам да отворам нова фабрика“, рече Груевски на заминување по средбата.

Тој на средбата беше придружуван од министрите за надворешни работи и за здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и шефот на Кабинет Мартин Протуѓер.

Средбата траеше околу еден час, а Хан претходно се сретна и лидерот на СДСМ Зоран Заев. Закажани се средби и со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

  Категории: