Грешка на Ристовски, Португалија води 1-0

Португалија води со 1-0 на мечот против Македонија, откако домаќинот дојде до предност благодарение на катастрофалната грешка на капитенот Стефан Ристовски.

Десниот бек на Македонија обидувајќи се да ја врати играта кон своите соиграчи во средината на теренот, ја подари на Роналдо, кој асистираше до Бруно Фернандеш а овој ја искористи приликата и погоди за 1-0.

Иако одигравме одлични 30 минути, речиси без грешка, Стефан Ристовски напреви непропустлива грешка во додавањето и на додавање на Кристијано Роналдо, поранешниот соиграч на нашиот капитен го совлада Столе Димитриевски.

 

Back to top button
Close