Грчката крајбрежна стража пресретна едреник со 70-тина мигранти кај Кефалонија

Грчката крајбрежна стража пресретна едреник со 70-тина мигранти кај Кефалонија
20.10.18   18:45

Прочитано : 46

Print This Article

Грчката крајбрежна стража денеска во близина на островот Кефалонија во Јонското Море пресретна едреник со кој патувале околу 70 илегални мигранти.

Два брода на Крајбрежната стража го одвлекле едреникот со мигрантите во административниот центар на Кефалонија, Аргостоли.

Едреникот бил лоциран од страна на авион на Фронтекст, откако еден од мигрантите преку мобилен телефон ги известил властите дека бродот е во дефект и дека не знаат каде се наоѓаат.

  Категории: