Грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс“ продолжува со редовните летови кон и од Италија

Грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс“ продолжува со редовните летови кон и од Италија

Компанијата „Ејџијан Ерлајнс“ ќе продолжи со редовните летови кон сите дестинации, вклучувајќи ја и Италија, соопштуваат од оваа грчка авиокомпанија и паралелно им нудат на патниците без надомест да го променат нивниот авионски билет, јави дописничката на МИА од Атина.

Од денеска, па сѐ до 20 март 2020, поради коронавирусот, патниците на „Ејџиан Ерлајнс“ можат да го променат датумот на нивното патување без дополнителен надомест (rebooking fees) и за било која дестинација.

-Остануваме во комуникација со надлежните служби за било каква дополнителна активност што би можело да биде неопходна, соопштуваат од грчката авиокомпанија.