Граѓанскиот сектор да биде вклучен во одобрувањето на следење на комуникациите

Граѓанскиот сектор да биде вклучен во одобрувањето на следење на комуникациите
15.12.17   13:25

Прочитано : 86

Print This Article
loading...
loading...

Вклучување на граѓанските организации, Народниот правобранител, како и Дирекцијата за заштита на податоци во одобрувањето на барањата за следење на комуникациите, денеска беше побарано на трибината на тема „Реформа на следењето на комуникации – суштински или козметички промени?“ во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С), а во соработка со Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ и Институтот за европски политики (ЕПИ).

Александар Николов од Асоцијацијата Зенит смета дека предложените законски текстови не одговараат на препораките од ЕУ, во смисла дека треба да се отстрани директниот пристап на државните органи во целокупниот телекомуникациски сообраќај.

– Со предложената реформа се креира  нов центар на моќ кој сега наместо УБК ќе се вика ОТА која повторно ќе ги добива сите разговори и пораки кои ги праќаат граѓаните преку електронските комуникациски мрежи и ќе ги пренасочуваат до другите државни органи. Сметаме дека ова не е во дохот на препораките на Прибе ниту на она што е наведено во реформските приоритети каде шо се наведува дека Владата треба да има пристап само врз основа на судска наредба, истакна Николов.

Според раководителот на проектот „Расправи за политиките на рефирмските приоритети“ Гордан Георгиев,  во предложените законски измени за рефортми во следењето на комункикациите недостасува надзор од граѓанските организации, како и од Парламентот.

На прашање како граѓанскиот сектор ќе има контрола во следењето на комуникациите, директорката на Институтот за европски политики Симонида Кацарска, рече дека иако е препорачан граѓанскиот совет, сепак, после секое решение може да има проблем. Таа посочи дека има примери во неколку земји во кои граѓанските совети се корумпирани, односно да немаат демократско влијание како што се очекува од нив.

Учесниците ма трибината истакнаа дека очекуваат Владата да ги идентификува и отстрани проблематичните точки, а да се поттикне и дебата кај пратениците за активно да се вклучат во реформите на следењето на комуникациите.

  Категории: