Граѓаните мета на манипулација поради ниска медиумска писменост – тема во Студио 1

Граѓаните мета на манипулација поради ниска медиумска писменост – тема во Студио 1
8.11.18   23:08

Прочитано : 136

Print This Article
loading...
loading...
Studenti

Студентите на протестот пред УКИМ го кренаа гласот против медиумската пропаганда и на своите врсници им порачаа да проверуваат наместо слепо да веруваат.

-„Не биди медиумска мета“ е нашиот слоган, момент во којшто денеска особено младиот човек е мета, гледаме колкав општествен фактор се медиумите. Со овој митинг сакавме да ја пратиме токму таа порака, „не биди мета“, не само во однос на политичката медиумска манипулација, затоа што во Македонија во моментов така се толкуваат работите, туку сакавме и поглобално да го поставиме проблемот, во смисла на отуѓување, стил на живот, потрошувачко општество, вели Јасна Бачовска Недиќ, професорка на правен факултет.

-Модерните медиуми, во концептот на пазарни идеи, водени од профитерски тенденции, и тоа како ги амплифицираат идеите можеби на оние идеологии на омраза, како што сме сведоци, во светски рамки, со појавата на радикалната десница, затоа што нивната успешност е базирана токму врз тоа да успеат да ги лоцираат емоционалните стравови на луѓето, објаснува Никола Донев, студент на правниот факултет.

-Не поттикна ниското ниво на медиумска писменост во целото наше општество. Тоа зависи од повеќе фактори и се однесува на сите возрасни групи. Прво, генерално ниското ниво на образование придонесува да имаме ниско ниво на медиумска писменост како општество, а тоа е утврдено и преку истражување на европско ниво. Се обидуваме да го решиме проблемот, но е комплексен и не постои единствено решение, изјави извршниот директор на „Метаморфозис“ Филип Стојановски.

  Категории: