Градот ги кани граѓаните утре да присустуваат на полетувањето на авионот кој ќе прска против комарци

Градот ги кани граѓаните утре да присустуваат на полетувањето на авионот кој ќе прска против комарци
10.08.18   20:04

Прочитано : 974

Print This Article

Град Скопје ја повикува јавноста во 05.00 часот на спортскиот аеродром Стенковец, да присуствува на полетувањето на авионот кој треба да го изврши планираното прскање против комарци. Ова меѓудругото стои во денешното соопштение кое градот го испрати во обвининувањата дека видеото од денешното прскање е лажно и со него се манипулира јавноста.

„Ја увидовме грешката што ја ни ја посочија дел од вашите колеги новинари, односно сме објавиле видео за почетокот на третото прскање против комарци со авион, а кое што е од почетокот на минатиот месец, односно од второто прскање. Очекуваме ново видео за прскањето против комарци кое ќе се направи утре, и истото ќе Ви го доставиме“, велат од Градот.

  Категории:
view more articles

Останати вести