Градоначалникот Велковски: Ѝ порано ја прашувавме Атиџе дали ѝ треба нешто, а таа велеше: „Не, не, само Господ да ме чува“

Градоначалникот Велковски: Ѝ порано ја прашувавме Атиџе дали ѝ треба нешто, а таа велеше: „Не, не, само Господ да ме чува“

Атиџе Муратова ќе биде промотор на туризмот во својот роден крај, селото Бекирлија. Таа на туристите ќе им ја раскажува својата животна приказна, за производството на мед, животот со пчелите, за мајка си, како и за убавините со кои е опкружена. Со ова на Атиџе ќе ѝ се оствари најголемата желба – да биде опкружена со луѓе и да им го пренесе своето искуство за природата.

Работниот ангажман што го доби од Општина Лозово доаѓа по големите успеси на Атиџе со филмот „Медена земја“ во земјата и светот. За деталите за новата работа, Атиџе рекла дека ќе разговара откако ќе ги земе „Оскарите“, вели градоначалникот Ацо Велковски во разговор за „А1он“. Тој смета на овој начин ќе ѝ се помогне на Атиџе да заработува за пристоен живот работејќи го она што ѝ е желба.

„Атиџе има доаѓано во Општината, имаме разговарано. Ја имаме прашувано дали ѝ треба нешто, а таа велеше: ‘Не, не, само Господ да ме чува’. Никогаш нема побарано помош. Сега ние самоволно решивме да ѝ се помогне, ѝ предложивме, а таа прифати“, вели Велковски.

Повеќе на „А1он“.