Град Скопје: Bо шаторите на „Македонија блокира“ немаше никој,па се третирани се како отпад

Град Скопје: Bо шаторите на „Македонија блокира“ немаше никој,па се третирани се како отпад
25.12.18   14:19

Прочитано : 637

Print This Article

Од Град Скопје ја издале наредбата за отстранување на шаторите пред Собрание кои беа поставени од движењето „Македонија блокира“. Од Градот информираат дека шаторите се отстранети затоа што биле поставени илегално и дека она што е подигнато е третирано како отпад.

-Никој немал побарано дозвола за собир и поставување на шатори, а седеа таму со месеци илегално. Кога екипите отишле синоќа да ги тргнат, во шаторите немало никој, значи не се работело за камп. Она што е најдено е подигнато и е третирано како отпад – велат од Градот.

  Категории: