Град Скопје нема да порроши ниту денар за новогодишниот концерт на Мерлин

Новогодишниот настап на големата регионална музичка ѕвезда Дино Мерлин, на плоштадот Македонија во Скопје, кој вчера го најави градоначалникот Петре Шилегов, нема да го чини градот ниту денар.

Истиот ќе биде покриен од спонзори, пренесува „Фокус” повикувајќи се на информации од пи-ар службата на Шилегов. Околу тоа колку точно изнесува хонорарот на музичарот, не откриваат детали, но потенцираат дека целата сума ќе биде платена од спонзори.