Горивата поевтинуваат за 2,5 до 3 денари по литар

Горивата поевтинуваат за 2,5 до 3 денари по литар
10.06.19   14:40

Прочитано : 361

Print This Article

Горивата од полноќ на бензинските станици во земјава ќе се продаваат поевтино за 3, односно за 2,5 денари по литар. Вака денеска одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според новиот ценовник, бензинот „еуросупер 98“ поевтинува за три денари и ќе се продава по цена од 69 денари за литар, а исто толку се намалува и „евросупер 95“ и ќе чини 66,50 денари.

Цената на дизелот се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 60 денари за литар.Екстралесното масло за горење од полноќ ќе се продава по цена од 49,50 денари за литар.

Мазутот ќе се продава за 33.851 денар за килограм.

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести