Гледањето на Нетфликс влијае на климатските промени

Гледањето на Нетфликс влијае на климатските промени

Дебатата за тоа колку всушност е штетен видео стримингот е во полн ек откако сајтот „Биг тинк“ објави текст во кој се тврди дека гледањето филмови и серии на популарни стриминг платформи како Нетфликс има негативни последици на животната средина, а посебно врз климата. ​

Во текстот објавен на „Биг тинк“ се наведува дека во 2018 година количеството јаглерод диоксид од стримингот е еднакво на количеството јаглерод диоксид што го емитува Шпанија.​

Од друга страна, се помалку енергија користат нашите уреди преку кои гледаме филмови. Денешните лаптопи, а особено мобилните телефони имаат значително помалo напојување за разлика од првите компјутери.​

Во екот на дебатата за тоа дали е штетно гледањето филмови на Нетфликс, веб страната Биг Тинк пишува дека Нетфликс се посветени на намалување на влијанието на животната средина од страна на електричната енергија и дека енергијата која ја користат е во согласност со сертификатите за обнова на енергијата. ​

Меѓутоа дел од енергијата не ја користи само Нетфликс, но потребна е за содржината да биде пренесена на корисникот. Енергијата ја користат на пример интернет провајдери и други компании со кои соработуваат. На овој дел од потрошувачката на енергијата е потешко да се влијае, но Нетфликс тврди дека се труди и тој дел да биде одржлив.​

Истражувачот на компјутерски науки од универзитетот Колумбија, Вишал Маршал изјави дека за стриминг не користат ист вид на систем за складирање податоци односно дата центар, како што користат некои други сервиси.​

Стримингот се врши преку мрежи за доставување содржина така што не е потребно да се пребарува огромна база на податоци секој пат кога некој ќе кликне плеј туку дека информациите се веќе копирани на потесните мрежи. ​
Мисра изјави дека текстот кој ја поттикнал дебатата e објавен со цел поголем број на луѓе да го отворат и прочитаат и многу од заклучоците донесени во текстот не се оправдани.