Гинко билоба – природен лек за подобрување на меморијата

Гинко билоба – природен лек за подобрување на меморијата
2.10.19   13:41

Прочитано : 224

Print This Article

Гинко билоба е најстарото растение на светот. Чарлс Дарвин уште го нарекол и жив фосил, затоа што се смета дека е првиот растителен вид во облик на стебло, стар околу 225 милиони години. Гинкото е единствено растение кое успеало да ја преживее леденото доба, а како резултат на тоа се стекнало со силен имунитет. Отпорно е на екстремно ниски (до -30 степени Целзиусови), но и на високи температури, не подлежи на болести, ниту пак го напаѓаат инсекти, па оттука поединечни примероци се стари и по 1000 години. Во автентичен див облик како ендемски вид, денеска гинкото може да се сретне само во планините на Југоисточна Кина.

Гинко билоба веќе со векови се користи во оваа древна земја првенствено како лек за различни болести, астма, болести на бронхиите и белите дробови, како и за подобрување на периферната и мозочната циркулација на крвта.

Современата медицина, пак, го нагласува превентивното лековито делување со што гинкото стана најупотребуван природен препарат на денешницата. Само за илустрација, до 2014 година за него се објавени 3111 научни труда, посветени на неговите лековити својства, а во Германија годишно се препишуваат повеќе од пет милиони рецепти за користење на гинкото .

За лек се користат листовите, семките, месната обвивка околу семките, коренот и кората на дрвото. Од листовите денеска во фармацевтската индустрија се прави екстракт кој ја подобрува циркулацијата и памтењето.

Придобивки од користењето на екстарктот на гинко билоба

Придобивките од користењето на екстрактот од гинко билоба се многубројни, но главно се фокусираат на мозочните функции и циркулацијата на крвта.

  1. Подобрена циркулација на крв

Гинкото ја подобрува циркулацијата на крвта со тоа што ги шири крвните садови и ја намалува вискозноста на крвта. Во традиционалната кинеска медицина, гинко семињата се користеле за да се отворат „каналите“ на енергија до различни системи на органи, вклучувајќи ги бубрезите, црниот дроб, мозокот и белите дробови.

Една студија, пак, покажала дека кај луѓето со срцеви заболувања кои употребувале гинко, протокот на крв се зголемува дури за 12 проценти во повеќе делови од телото. Ова својство на гинкото му се припишува на циркулирачкиот азотен оксид, којшто го содржи, соединение одговорно за проширување на крвните садови.

Како резултат на подобрената циркулација гинкото помога и ги штити клетките од недостаток на кислород, зголемувајќи ја енергијата во ткивата. Со тоа крајниот резултат е и подобрен тонус на венските крвни садови и намалена пропустливост на капиларите.

2.Подобрена мозочна функција

Подобрувајќи ја мозочната микроциркулација и снабдувањето на мозокот со кислород, гинкото директно влијае на подобрување на функцијата на мозокот и кај здарвите лица. Неколку мали студии покажуваат дека употребата на екстракт од гинко може да ги зголеми менталните перформанси, подобрувајќи ја меморијата, фокусот и способноста за запазување.

3.Моќен антиоксидант

Гинкото делува и како моќен антиоксиданс. Оваа лековита билка во себе содржи високо ниво на флавоноиди, благодарение на кои има силно антиоксидативно дејство со што ги неутрализира штетните ефекти на слободните радикали.

Употреба и дозирање Гинкото може да се користи во таблети, капсули, но најделотворно е ако се употребува тинктурата, односно чистиот екстракт од дрвото. Се препорачува по една ампула на ден, чиста или растворена во половина чаша вода. Овој производ може да се најде во сите аптеки на Зегин.

Извор: Наше здравје

комерцијална објава

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести