Герила акција во Битола – Ова не е паркинг!

Герила акција во Битола – Ова не е паркинг!
12.07.19   18:39

Прочитано : 465

Print This Article

Жолти балони на кои пишува: „Ова не е паркинг“ се појавија на автомобилите што ги узурпираат јавните површини во Битола. Се работи за герила акција со која се бара од надлежните да ги ослободат тротоарите за пешаците.

„Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми кои го ограничуваат нивното движење и ја загрозуваат нивната безбедност.

Иако Битола не е голем град, паркирањето на јавните површини и тротоари зема сè поголем замав и на одредени локации низ Битола. Практично е невозможно безбедно движење на пешаците. Во изминатите неколку години поради трендот на узурпацијата на тротоарите предизвикани се повеќе несреќи, а постарите граѓани, инвалидизираните лица, велосипедистите и децата се обесхрабрени да се движат на одредени локации низ Битола“, се вели во описот на акцијата.

Целта на оваа акција е да се изврши притисок врз надлежните односно општина Битола, МВР сериозно да се зафатат со решавањето на овој проблем и да ги вратат колите на улиците и пешаците на тротоарите.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести