ГДУ: Господине Мицкоски, го повикавте народот да ве следи, па ве прашуваме сега што да следи?

ГДУ: Господине Мицкоски, го повикавте народот да ве следи, па ве прашуваме сега што да следи?
13.09.18   15:16

Прочитано : 277

Print This Article

Соопштение на ГДУ:

ДПМНЕ очигледно е дека не знае кај тера. Се изгубија во ставови и тези. Прецизно математички пресметуваа, за да и соопштат на нацијата дека ништо не пресметаа.

Во клучен момент за земјата не покажаа став и одговорност за најважното прашање.

Господине Мицкоски го уништивте институтот референдум, најдемократскиот начин за третирање на проблемите и интересите на граѓаните.

Ако Договорот со Грција е најштетното нешто како што тврдите и ја обезличува Македонија, тогаш од старт ќе влезевте во битката и на фер начин ќе се боревте против договорот. Но вие тактизиравте. И продолжувате така.

Неодамна го повикавте народот да ве следи, па ве прашуваме сега кого да следи? Што да следи?

Јавноста од вас како лидер на најголемата опозициска парламентарна партија очекуваше јасен став во однос на прашањето за реферндумот.

Мора да бидете свесни дека не ви успева да не убедите оти вашата одлука е демократски став.

Вашата одлука е немање храброст.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести